Агуеро блиску до Барселона

од Vladimir Zorba

Аргентинецот Серхио Агуеро дефинитивно ќе го напушти Манчестер Сити во текот на летото, и тој е многу близу до договор со нов клуб.

Според аргентинскиот „TyC Sports“, Барселона сака да го донесе докажаниот голгетер, иако е во доцните години на својата кариера.

Се посочува дека Каталонците ќе му понудат едногодишен договор на Агуеро, кој, пак, со нетрпение очекува да игра во истиот клуб со својот сонародник и голем пријател Лионел Меси.

Исходот од овие преговори го чека Јувентус, кој исто така сака да ја продолжи својата политика за доведување на слободни и докажани врвни играчи.

Агуеро игра за Манчестер Сити од 2011 година и постигна 257 погодоци на 384 натпревари.

Слични содржини