Агуеро обвинет за сексизам: „Се чувствуваше надмоќно затоа што судијата е жена“ ВИДЕО

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро се најде во центарот на вниманието по натпреварот со Арсенал.

Покрај Агуеро, главен актер во спорната ситуација беше и линиската судијка Сијан Мејси Елис.

Елис е судија веќе неколку сезони и претходно имаше непријатни ситуации, кога коментаторите Енди Греј и Ричард Крајс имаа сексистички коментари, не знаејќи дека микрофонот е сè уште вклучен.

Сега, на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, таа имаше една ситуација со Агуеро.

Таа покажа аут за Арсенал, по што Агуеро влезе во спор, а потоа и ја стави раката на вратот, па таа малку го оттурна.

Легендарниот напаѓач на Арсенал, Јан Рајт, кој сега работи како коментатор, веднаш го нападна Агуеро:

„Агуеро никогаш не би го сторил тоа ако судијата беше маж. Така се чувствуваше супериорен. Многу е грдо што го стори тоа, непотребно“, рече Рајт.

Гвардиола пак, застана во одбрана на Агуеро.

„Кун е одлично момче. Тој не мислеше на ништо лошо“.

loading...

Слични содржини