Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут не е задоволен од начинот на кој е презакажан Ролан Гарос.

Наместо мај, Отовреното првенство на Франција ќе се одржи кон крајот на септември, само една недела по Ју Ес Опен.

Агут посочува дека организаторите на турнирот во Париз морале да се консултираат со играчите и лидерите на другите турнири.

„Не ми се допаѓа начинот на кој Ролан Гарос ја донесе одлуката да се презакаже без да се консултираат службени лица и играчи. Јас лично не ми е грижа воопшто кога ќе играм. Има многу луѓе таму на кои им е лошо, без разлика дали се заразени или некој од членовите на семејството им се заразени. Како што реков, тенисот сега е спореден, небитен“, рече Агут.

Тениската сезона е прекината до јуни.

„Мора да почекаме сè да се нормализира и штом се случи тоа, ќе биде потребно време да се вратиме во форма, да тренираме и да продолжиме со турнирите“, додаде Агут.

Слични содржини