Ахмети бара поддршка од дијаспората: Дојдете да гласате!

од Nikola Popovski

Заедно сме биле предизвикани во повеќе наврати и никогаш не се откажале. Сме застанале силно затоа што сме биле заедно, како цел народ посветен на нашиот роден град. Еден од најголемите предизвици кои ги имавме овие години е враќањето на Кичево во наши раце и денес не треба да дозволиме историјата да се врати назад, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, со што ги повика Албанците од дијаспората да дојдат на 31 октомври и да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник, Фатмир Дехари.

Тој апелира до граѓаните да покажат и демонстрираат дека се обединети на 31 октомври.

-Ве повикувам уште еднаш да се сплотиме за нашето Кичево и на 31 октомври сите патишта да не носат дома, вели Ахмети.

Во Кичево по првиот круг, Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ освои односно 38,4 отсто од гласовите, а Дехари 37,3 отсто и тие се борат во вториот круг.

Трет на листата беше Фатмир Лимани, независниот кандидат кој инаку е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Лимани освоил 4.527 гласа или 19,76 отсто од гласовите.

Слични содржини