Ахмети е сигурен: Мнозинството во Парламентот е стабилно, нема ништо загрижувачко

од Nikola Popovski

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека владејачкото мнозинство во парламентот е стабилно и покрај тоа што пред два дена координаторот на пратеничката група на ДУИ Изет Меџити си даде оставка.

„Парламентарното мнозинство навистина е стабилно, значи нема нешто загрижувачко внатре во тој дел. Парламентот не е блокиран, освен некои закони кои опозициските партии ги блокирале во комисиите“, изјави Ахмети на свеченост по повод одбележувањето на 40-годишнината од студентските демонстрации во Приштина.

Ахмети порача дека ДУИ секогаш е отворена за компромис и дијалог.

Слични содржини