Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес во Амбасадата на САД во Скопје оствари работна средба со високите гости од Вашингтон, Викторија Нуланд, Помошник Државниот Секретар на Стејт Департментот за Европа и Евроазија, г-ѓа Евелин Фаркаш – Заменик Помошникот на Секретарот за одбрана на САД и амбасадор на САД во Скопје г. Џес Бејли.

112

Претседателот Ахмети и високите гости од САД разговараа околу политичка криза во Македонија и начините за надминување на политичката криза во земјата како и интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ преку решавање на прашањето за името и структурните реформи.

САД останува силен партнер и поддржувач на Евро-Атлантската интеграција на Македонија.

Г-ѓа Нуланд ја изрази својата проценка за улогата на г-дин Али Ахмети и Демократската Унија за Интеграција за последните случувања во земјата.

Лидерот Ахмети ја запозна ѓ-га Нуланд за позицијата на ДУИ во врска со политичката криза во земјата како и за активностите што ги има превземено ДУИ за одржување на состаноците на лидерите, предлозите и иницијативите на ДУИ, исто така и за постапките што планира да ги преземе ДУИ во зависност од исходот на разговорите во наредните денови.

Претседателот Ахмети го оцени како неприфатливо продолжувањето на политичка криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и продолжување на нашиот ЕвроАтлантски пат. ДУИ ќе ги поддржи реформите што произлегуваат од препораките на Европската Унија и на г. Прибе бидејќи нивното спроведување го прават демократскиот систем постабилен.

Во врска со спорот за името, г-ѓа Нуланд и г. Ахмети разговараа да продолжат со заедничките напори во правец за наоѓање решение за спорот за името со Грција веднаш по решавање на политичката криза во државата. Соговорниците исто така, разговараа и за една друга заедничка грижа, за борците од регионот во војните во Сирија и Ирак со што зборуваа и за различни методи за да се спречи оваа негативна појава и неприфатлива за нашето општествo

Слични содржини