Ахмети му честиташе на Јахоски за победата во Пласница

од Vladimir Zorba

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук објави победа на кандидатот на неговата партија за градоначалник на Пласница, Алиja Јахоски, на денешните предвремени локални избори.

– Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Алиja Јаоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда на волјата на граѓаните за поддршка на нашите правилни политики за сите граѓани – напиша Ахмети.

Слични содржини