Ахмети: На стабилноста на Европа и треба Македонија

од Vladimir Zorba

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва ги продолжи средбите со граѓаните, овој пат со жителите на општина Јегуновце. Покрај претседателот Ахмети, говор пред присутните одржаа и првиот потпретседател на Владата Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, пратеничката Фиснике Бектеши Шаќири и претседателот на огранокот на ДУИ во Јегуновце, Елдин Адеми.

„Се наоѓаме во историски и одлучувачки моменти, па да ги оставиме зад себе остатоците и ситниците, бидејќи ние сме храбра генерација и тоа го имаме докажано. Сигурен сум дека тоа ќе се направи, дека Албанците се на страната на Европа и се дел од неа. На стабилноста на Европа и треба Македонија, во насока на спречување на миграцијата и создавање услови за подобар стандард во земјата. Ние сме дел од овој проевропски фронт затоа што тој е важен за сите нас и ќе обезбеди подобар живот за идните генерации“, вели Ахмети.

Секогаш сме работеле да има мир и стабилност не само за нашата земја, туку и за целиот регион, да се бориме против злото и да најдеме заеднички јазик, посочи првиот човек на ДУИ.

„Не смееме да го заборавиме минатото, но мораме да ја градиме иднината. Јас не сум политичар на телевизиските екрани или на канцелариите, туку доаѓам од друга област која ги знае проблемите на народот, па затоа сум покрај вас секогаш да ве слушам“, рече Ахмети.

Слични содржини