Ахмети: Нашиот сон за Македонија во НАТО се остварува

од Vladimir Zorba

Имам посебно задоволство да им упатам честитки до сите граѓани на Република Македонија за добивањето на поканата за членство во НАТО која претставува исклучително големо и значајно постигнување во однос на сигурната иднина на нашата земја, вели Али Ахмети лидерот на Демократска унија за интеграција.

 

Евроатланската интеграција беше патоказ на нашата политичка и општествена активност уште од зачетоците на нашата дејност но истовремено и нашата конзистентна посветеност кон остварувањето на овој стремеж, при што за цело време бевме недвосмислено фокусирани кон оваа цел, резултираше со заеднички успех.

Целосната интеграција на нашата земја, но и на регионот во НАТО, ја прави целосна нашата слобода, овозможува безбедност, стабилност, оддржлив мир, добри меѓуетнички односи, економски развој и општествена благосостојба.

Постигнувањата во оваа година кои овозможуваат еднаквост и евроатланска интеграција се стремеж на сите граѓани и политички партии во земјата, затоа сите ние заедно треба да работиме за успешно заокружување на овој процес.

Овие постигнувања се резултат на заедничката работа на нашите граѓани, политичките партии, граѓанското општество, академската фела, медиумите и меѓународните пријатели.

Овој сон на нашите граѓани кој почнува да се остварува, денес бара од нас да се обединиме околу Евроатланска Македонија.

Слични содржини