Ахмети: Не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар

од Берта Китинска

Додека СДСМ е на власт граѓаните ќе бидат заштитени, а заканите на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат нереализирани Повторно освоивме над 50 проценти од гласовите на Албанците и не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со жителите на гостиварското село Форино.

– Ние сме достоинствен народ. Како Албанци мора да бидеме единствени, бидејќи уште владеат предрасуди. Не правам компромиси со албанското прашање во Македонија. Ние сме апсолутен победник, ако го преточиме во мандати на пратеници ќе имавме 19 пратеници. Треба да се обединиме бидејќи стануваме важни за локалното население. Ако имаме единствени општини, бидејќи целата агенда е поврзана со општините, ќе биде многу поинаку – рече Ахмети.

Дел од партиите веќе и јавно се изјаснија на кого ќе ја дадат поддршката во вториот круг.Касами и Села заедно пртив Ахмети и Тачи во вториот круг од локалните избори. Владејачката БЕСА и опозициската Алијанса на Албанците попладнево со изјави ја потврдија соработката и ги повикаа своите гласачаи да ги поддржат кандидатите на спротивната партија онаму каде што е во трка со кандидати на ДУИ.

Меѓусебната поддршка на двете албански партии може да е клучна БЕСА да го добие Тетово и да ја смени Теута Арифи од ДУИ, додека пак, Таравари да го победи Бејта од ДУИ и да продолжи со втор мандат во Гостивар.

Прва раката ја подаде БЕСА.Од Алијанса веднаш се согласија на меѓусебна поддршка.

Слични содржини