Ахмети: Не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар

од Nikola Popovski

Разговаравме денеска со жителите на Форина за заедничките работи кои сме ги направиле и за тоа што заеднички ќе работиме во иднина, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети и побара поддршка од жителите на селото Форино на вечерашниот предизборен собир.

Тој потенцира дека „како партија повторно освоиле над 50 проценти од гласовите на Албанците и не може ВМРО да одлучува кој ќе победи во Гостивар“.

-Ние сме достоинствен народ. Како Албанци мора да бидеме единствени, бидејќи уште владеат предрасуди. Не правам компромиси со албанското прашање во Македонија. Ние сме апсолутен победник, ако го преточиме во мандати на пратеници ќе имавме 19 пратеници, порача Ахмети.

Слични содржини