Ахмети: Нема дискриминација врз Албанците

од Aleksandar Todeski

Мандатот на идната влада нема да биде лесен. Треба да се зголеми квалитетот во образованието, здравството и судството, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за „Косова Пресс“.

Според него, во земјава можеби постои неправда во некој судски процес, но дека нема дискирминација врз Албанците.

Ахмети кажа дека на изборите кои ќе се одржат на 12 април, ДУИ ќе оди сама, но и дека тој очекува зголемување на поддршката за неговата партија. Според  него, малите партии треба да се обединат за да не се губат албанските гласови.

„Еден народ кој го има своето национално знаме, еден народ кој има три универзитети на својот јазик, два државни и еден приватен, не може да се рече дека е дискирминиран, не може да се рече за еден народ кој темелите на градење на една држава ги има во просториите каде што живее, јазик, знаме, универзитети, државна администрација, полиција, војска. Има уште работи кои треба да се поправат, уште не се затворени сите прашања, на пример за правичната застапеност, практичната употреба на јазикот и други“, рече Ахмети.

Тој истакна дека треба треба да се остранат предрасудите дека Албанците сакаат да доминираат со цела С. Македонија. Прашан за односите со СДСМ, тој вели дека соработката владејачката партија ќе продолжи иако постојат неколку разлики.

Слични содржини