Ахмети од Собрание: Вистина е има корупција и криминал, но мораме да се бориме заедно

од Nikola Popovski

При расправата на синоќешната седница за интерпелација на претседателот на Собранието, последен говорник беше лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој изрази поддршка за својот сопартиец Талат Џафери, но зборуваше и за дијалогот и целата политичка ситуација околу Бугарија.

-Ни треба да работиме зедно, сега се одлучува за постоен мир. Денес албанскиот премиер Рама рече браќа за сите, и Македонци и Албанци. Не се работи за двојни стандарди, туку за градење на иднината. Вознемирено ги следам медиумите, се сменило името на Бујар Османи во Булгар Османи. Затоа Џафери и Булгар Османи имаат мисија, затоа што ова е нашата мисија, рекол Ахмети од собраниската говорница.

Претседателот на ДУИ констатира дека „вистина е дека има корупција и криминал, но мораме да се бориме заедно против него“.

-Се додека овој храм се претвора во обвинителство…, да го направиме потребниот чекор и да биде национален. Не треба Собранието да го претвориме во битка за дневно политички цели. Би сакал во иднина да се координираме за рабтои кои се од полза на граѓаните и државата. Да оставиме простор да се поздравиме утре на улица, затоа што сме луѓе пред сѐ, изјавил меѓу другото Ахмети доцна синоќа во Собранието.

Слични содржини