Ахмети: Ова е лична жртва на Заев, кој ја ризикува својата политичка кариера за нашите ЕУ интеграции

од Nikola Popovski

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, смета дека Зоран Заев ја жртвува својата политичка кариера, со цел да донесе ЕУ интеграција на земјата.

„Во оваа ситуација, ние секако ќе се солидаризираме со нашите македонски сограѓани и никогаш не сме спореле за ништо, било за јазикот или историјата, затоа што нашите судбини биле исти, окупаторите ни беа исти и жртвувањата ни биле заеднички, заеднички да бидеме слободни во овие простори. Ние сакаме решение што е можно побрзо, да не бидеме под влијание на емоциите, да не влегуваме во фолклоризмот, но да бидеме рационални и разумни за да го решиме ова прашање што е можно побрзо. Верувам дека ова е ризик и лична жртва на Заев, кој ја ризикува својата политичка кариера да ги каже работите така директно, со најдобра намера за земјата, државата и нашите граѓани“, истакнал Ахмети на новинарско прашање после свечената академија по повод Денот на албанското знаме.

По повод интервјуто на премиерот за бугарската агенција, БГНЕС, Либералдемократската партија бара од Заев да свика средба на владеачката коалиција, одлука што извршниот одбор на ЛДП ја донел на вчерашната седница. Со реакција се јави и поранешната претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска која на својот фејсбук профил, меѓу другото напиша, дека „никој македонски политичар не добил мандат за дава такви изјави за сериозни прашања“.

Претседателот на ВМРО – Народна партија, Љубчо Георгиевски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 потнцираше дека сите работи што ги зборувал премиерот Заев во интервјуто се во согласност со објективната историја.

 

Слични содржини