Ахмети: Постигнавме многу, но пред нас има уште многу работа да се направи

од Берта Китинска

Лидерот на ДУИ, г. Али Ахмети, придружуван од високи функционери на неговата партија, министри и пратеници, денеска во Слупчане ја одбележа 20-годишнината од почетокот на војната на ОНА и прогласувањето на слободна зона на Липковскиот крај.

-Денес е посебен ден, ние мора да ги одбележуваме сите паднати борци, од нивните водачи до најмладите војници.Овој споменик на кој што денес му поставуваме камен темелник, се гради во знак на сеќавање на најсветлата историја на оваа земја и на овие простори, тој се гради за да секогаш се сеќаваме на нив, бидејќи нивната крв беше светлина за нас и за луѓето, изјави Ахмети.

Тој рече дека соништата на загинатите херои мора да се направат реалност.

– Пред нас има голема одговорност. Ние треба да ги направиме реалност сите соништа на загинатите херои. Постигнавме многу, но пред нас има уште многу работа да се направи, истакна Ахмети.

Тој нагласи дека ДУИ нама да престане со напорите и ангажманот „во остварување на идеалите на многу генерации, кои се жртвува за подобри денови“.

– Затоа не само на годишнини, туку во секој момент ние се сеќаваме на сите генерации, сите тие загинати соборци, за нивните дела да не се заборават, туку да се оставарат на начин како што доликува, изјави Ахмети пред присутните на собирот.

Слични содржини