Во пресрет на денешното заседание на новото претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица, лидерот на партијата Али Ахмети истакна дека нема огнена група во владеачката партија.
-Се е нормално, ќе има дебата. Тоа е се, рече Ахмети за ТВ 24 во едно од своите ретки обраќања на македонски јазик.
На прашањето дали Артан Груби ќе остане шеф на кабинет, Ахмети одговори потврдно.
Денеска новото претседателство на ДУИ треба да побара отчет, поточно да ги слушне извештаите на првиот вицепремиер, министрите и замениците министри за досегашните постигнувања на партијата во владеењето со СДСМ.