Ахмети: Проевропскиот фронт е историска шанса за новите генерации, да не го испуштиме моментот

од Vladimir Zorba

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва ги продолжи средбите со граѓаните, овој пат во општина Теарце. Покрај претседателот Ахмети пред присутните свое обраќање имаа и првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши, заменик министерот за правда Агим Нухиу, директорот Шабан Мехмети, како и првиот човек на огранокот на ДУИ во Теарце и градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири.

„Поминаа неколку недели откако остварувам средби со граѓани, бидејќи пандемијата ни ги имаше оневозможено нашите традиционални средби. Артан рече дека има многу заплашувања во овие многу важни геостратешки ситуации и ДУИ континуирано била активна во важни процеси, но секогаш имало спротивставени сили кои навестувале дека оваа земја ќе се продаде, ќе станете Албанија. Ги знам овие зборувања и овие претпоставки. Ние не сме ничија патерица, но денес со СДСМ како што владеевме и со ВМРО сме одговорни за важна работа. Се реши проблемот со спорот со името со Грција, со Бугарија. Јас не го навредив Мицкоски, туку само дадов изјава дека тој војната ја гледал само на телевизија, го повикав да биде дел од мировниот проевропски фронт за подобра иднина на оваа земја“, изјави Ахмети.

„Оваа мисија за подобар живот можеме да ја направиме само со обединување во ЕУ. Јас припаѓам на генерацијата на тортура за слободна мисла, но веќе денес имаме слободна мисла, денес ни треба квалитативна мисла, за обединување, помирување и да го направиме најдоброто. Ова е мисија, историски момент, бидејќи со приклучувањето на овој фронт и служиме на иднината, така што јас, Талат и другите знаеме дека иднината им припаѓа на младите, затоа ги поддржуваме младите генерации. Ова е реалноста, ни треба единство. Дваесет години инвестирам Албанците да се обединат и заедно да ги броиме достигнувањата затоа што доброто си го заработивме со крв и пот, никој не ни го даде како подарок. Не треба да ја бараме вината во другите туку во самите нас, затоа не потпаѓајте во замката на поделбите, не исполнувајте ги желбите на нашите непријатели. Јас сум за ветинг, бидејќи со влезот во ЕУ ќе ставиме крај на сите лоши работи, почнувајќи од миграцијата до квалитетот на животот со подобри стандарди. Оставете го минатото, но обединете се и засилете се. Денес е време на модернизација, да им дадеме приоритет на заслужните, затоа што денес напредува квалитетот. Во Европа се влегува квалитетно!“, додаде првиот човек на ДУИ.

Слични содржини