Ахмети се залага за статусот на Охрид во УНЕСКО: Тоа е најголем приоритет на државата

од Nikola Popovski

Мило ми е што денес се сретнав со постојаниот координатор на Организацијата на Обединетите нации во Република Северна Македонија, г-ѓа. Росана Дуџак на кого ѝ се заблагодарив за поддршката што Северна Македонија ја добива од ОН во важни аспекти за нашите граѓани, објави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Според него, со Дуџак разговарале и за зелената агенда на ДУИ.

-Разговаравме и реализацијата на големите проекти како што се етничката еднаквост, членството во НАТО и што побрзо добивање зелено светло за почеток на преговори со ЕУ, објави Ахмети.

Во оваа насока, претседателот на ДУИ зборувал и за статусот на градот Охрид во УНЕСКО.

-Охридското прашање е најголем приоритет на Република Северна Македонија, а државата веќе има усвоено ефективни законски решенија со цел да го заштити, како и механизми за нивно спроведување, посочил Ахмети.

Слични содржини