Ахмети: Шилегов е најдобриот скопски градоначалник досега

од Берта Китинска

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21 се осврна на битката за градоначалник на Скопје во вториот круг од локалните избори.

Според него, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, „нема искуство“, додека актуелниот градски татко и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов, е „досега најдобриот скопски градоначалник“.

„Арсовска не е доволно искусна да го води градот. Од друга страна, Шилегов работеше доста во својот мандат. Доста проекти се реализирани. Тој е еден од најдобрите градоначалници. Шилегов треба да победи во Скопје“, порача Ахмети, кој претходно веќе ги повика членовите и симпатизерите на ДУИ да излезат на гласање во недела и да го поддржат кандидатот на нивниот коалициски партнер.

Слични содржини