Ахмети: Стојам во силна поддршка на Косово во неговиот дијалог со Србија

од Radmila Tasevska

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, по средбата во Охрид со Албин Курти, вели дека „останува во силна поддршка на Косово во клучните моменти во неговиот дијалог со Србија“.

На својот Фејсбук-профил, Ахмети објави:

„Стојам во силна поддршка на Косово во одлучувачките моменти во неговиот дијалог со Србија и во сите понатамошни чекори за целосно заокружување на неговото државјанство на сите меѓународни нивоа.

Ова денеска му го изразив на премиерот на Република Косово, г. Албин Курти на средбата што ја имавме заедно во Охрид.

Независно Косово е реалност и правда која дојде во сопствената земја, потврдена и од Европа и од САД, што не може никако да се оспори.

Го охрабрив премиерот Курти за позитивен епилог од дијалогот за принципите на меѓусебно признавање прокламирани од посредниците на ЕУ кои имаат искрена цел да ја задржат стабилноста и европската иднина на целиот Западен Балкан“, стои во објавата на Али Ахмети.

Слични содржини