Ахмети: Во ДУИ донесовме нови кадри од Европа, секогаш сме биле партија на иновации

од Nikola Popovski

„Ние не сме движење, статична партија. Ние сме партија што обновува, и се обновувамe. Има место за критика, но сега гледаме напред. Ќе изненадиме со многу проекти. Ќе изненадиме со нашата платформа за т.н. „зелена“ иднина. Сега е време за ваква платформа“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“.

Тој исто така зборуваше дека во партијата има донесено нови кадри од Европа, и дека се планира носење и на други.

„Имаме професионалци кои се кај нас најдобри и се ангажирани од Демократската Унија за Интеграција, со огромни искуства. Никогаш не сме биле статични. Од секогаш сме биле партија, движење на иновации,“, рече Ахмети.

На новинарско прашање зошто токму сега ДУИ се насочува кон зелената агенда, Ахмети одговори дека тие 19 години имале друга агенда.

„Ние 19 години имавме друга агенда. Ние имавме сериозни предизвици барајќи ги нашите права како Албанци. Ние 19 години работевме за да се имплементира Рамковниот договор. Сега нормативниот дел на Рамковниот договор е завршен“, додава претседателот на ДУИ.

Слични содржини