Ахмети во „новиот дом “ ја пресече роденденската торта (ФОТО)

од Берта Китинска

Министерството за политички систем во македонската Влада доби нови простории.

Раководството на ДУИ му славеше роденден на лидерот Али Ахмети во просторијата за состаноци.

Министерот Османи ја објави фотографијата со едноставно објаснување „4 јануари“.

На социјалните мрежи се појави и фотографија од Ахмети кој ја сече роденденската торта на која се испишани неговото име, украсена со логото на ДУИ.

Она што е воочливо е прекршувањето на епидемиолошките мерки. Лидерот Ахмети, потпретседателот Груби, министрите Бектеши, Бесими, Османи, Адеми, собранискиот спикер Џафери и други истакнати ликови на политичкиот субјект од Мала Речица без заштитни маски во просторија од 50-ина метри квадратни.

ВМРО-ДПМНЕ бара казни за функционерите

„Фрапантна е фотографијата на министрите и функционерите на власта кои без маска и соодветна заштита ги користат државните институции за славење на роденден“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секаде во светот министерствата се користат за работа, само во влада на чело со Заев за родендени. Наместо министерствата да им служат на граѓаните, во Македонија тие им служат на функционерите на власта за славење на родендени.

Слични содржини