Ахмети: Време е за поголеми сништа, време е за премиер Албанец

од Берта Китинска

На денешната прес-конференција лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги повика сите албански партии и сите граѓани Албанци и други во Македонија да ја поддржат идејата за да се избере прв премиер Албанец.

-Денес, Албанците предводат раководни позиции како претседатели на Врховен и Уставен Суд, Министри за Одбрана и Внатрешни работи заедно со клучни државни институции како и Претседателот на Собранието. Но сепак, ова не е доволно. Сега е време сонот да продолжи. Време е за поголеми сништа, затоа што дојде време да постигнеме повеќе, рече Ахмети, истакнувајќи дека е време за првиот премиер Албанец во Северна Македонија.

Тој изјави дека оваа идеја нема никаква врска со ДУИ и лично со него.

– Јас сум тука да го продолжам животот на процесот, да го водам концептот, да станам мост и да го трасирам патот, создавајќи услови за реализација на сонот, додека на вас останува да го спроведете. Јас ќе посеам за да можете да жнеете.Првиот Албански Премиер ќе биде Премиер на сите, изјави Ахмети.

Слични содржини