Ахмети: За ДУИ е прифатлив Законот за ЈО кој беше усогласен синоќа

од Aleksandar Todeski

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека за неговата партија е прифатливо единствно законското решение кое вчера на владина седница го усогласиле министрите и дека нема да гласаат за друг текст на Предлог-законот за Јавно обвинителство.

„Бев информиран дека Законот не е донесен во Собранието во формата во која беше усогласена вчера и не ги знам промените кои што се направени. Јас го знам законот што е усогласен синоќа, а не законот што е променет со различни волји на другите луѓе и немам идеја што е променето“, рече Ахмети.

Инаку пратениците во 18 часот треба да ја изгласаат потребата за носење на Законот за Јавно обвинителство по итна постапка и тој да отиде на Комисијата за европски прашања, од каде по два дена дебата се враќа во Собранието.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека Собранието може да се распушти и во недела, на 16 февруари, со што Законот има можност да биде донесен до крајот на оваа недела.

Слични содржини