Ахмети за коалиција: Рано е да зборуваме за очекувањата

од Vladimir Zorba

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска по завршување на конститутивната седница на Собранието изјави дека преговорите за формирање нова влада може да почнат, но оти уште нема ништо конкретно.

-Денеска беше конститутирано Собранието, сега ќе видиме која ќе биде агендата и кои ќе бидат приоритетите на Собранието, така што рано е да зборуваме за очекувањата, изјави Ахмети за Алсат М.

Тој додаде дека денеска може да почнат преговорите за формирање влада, но оти уште нема ништо конкретно.

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, во салата со Голема купола се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав каде присуствуаа 117 од вкупно 120 пратеници избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Слични содржини