„ајФон на тркала“ пристигнува во 2024 година и ги решава најголемите проблеми на електричните возила?

од Stefanija Kuzmanovska

Долго време, скоро ништо не можеше да се слушне за проектот Apple Car, сè додека пред околу десетина дена, на Интернет повторно се раширија гласини за плановите на тој технолошки гигант за влез на пазарот за автомобили.

Новите информации за проектот, исто така познати под шифрата „Титан“, кои ги доби агенцијата „Ројтерс“, укажуваат на тоа што може да се очекува од неговиот развој во наредните години.

Крајната цел на проектот „Титан проект“ е, според сè уште неофицијални информации, развој на електрично возило наменето за масовниот пазар. Експертите се согласуваат дека „Епл“ е компанија која има ресурси да спроведе такво нешто.

Познавачите на проектот сметаат дека гигант како „Епл“ воопшто не би го сторил ова за да стане само еден од производителите на електрични автомобили, туку дека сака да направи „ајфон на тркала“, односно да развие технологија што ќе му овозможи да биде супериорен во однос на конкуренцијата.

Во фокусот на развојот на новата технологија на електричен погон се, пред сè, новите батерии. Целта на „Епл“ е да создаде батерии по многу пониска цена, што исто така ќе го зголеми опсегот на возилото.

Експертите велат дека ваквите батерии би биле нешто сосема ново, како што беше и првиот ајфон. А, тоа значи дека „Епл“ навистина може да ги реши двата најважни проблеми на електричните автомобили. Исто така се испитува можноста за употреба на таканаречените LFP батерии (литиум железо фосфат) батерии, кои помалку загреваат и не содржат кобалт.

Слични содржини