Ајс Кјуб изгуби 9 милиони долари бидејќи одби да прими вакцина

од Vladimir Zorba

Американскиот рапер Ајс Кјуб одбил да ја прими вакцината против коронавирусот, поради што останал без учество во нов проект и хонорар од девет милиони долари.

Раперот, чие вистинско име е О Шеј Џексон, поранешен член на групата NWA, го одби барањето на продукцијата на филмот „Oh hell no“ целиот тим да се вакцинира против короната.

Тој не сакал да ја прими вакцината, поради што продукцијата морала да му се „заблагодари“ за соработката.

„Холивуд репортер“ пишува дека неговата одлука била своевидно изненадување бидејќи учествувал во промоцијата на мерките против ширењето на вирусот, јавно апелирал до сите да носат маски, па дури и донирал илјадници маски и друга заштитна опрема на институција во Оклахома.

Откажувајќи се од овој проект, раперот изгубил хонорар од девет милиони долари.

Слични содржини