Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, се служело алкохол на малолетници

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на изминатата вечер (24/25.03.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.

При контролата затекнати се шест малолетници кои консумирале алкохол. Лицата се приведени,а против одговорното лице се преземаат мерки во содејство со Државниот пазарен инспекторат.

Констатирани се и два прекршока по Законот за приватно обезбедување, за немање лиценца за лице ангажирано како обезбедување, а од страна на ДПИ и ДТИ констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење, соопшти МВР.

Слични содржини