Ако бојадисаната коса губи сјај, можеби е до водата

од desk4

Многу девојки и жени ја бојадисуваат косата и се пресреќни кога ќе ја добијат нијансата која ја посакувале. Но, кога по само 2-3 миења бојата избледнува и сјајот се губи, може да биде навистина фрустрирачки.

Сигурни сте дека го имате соодветниот шампон кој одговара на вашиот тип на коса, како и дека користите одговарачка маска. Тогаш, што се случува?

Проблемот можеби лежи во водата со која се бањате. Поточно, проблем може да прави „тврдата“ вода. Таа предизвикува бојата побрзо да избледне, а кај русокосите може да предизвика појава на портокалова или зеленкаста нијанса. Исто така, може да направи косата да ви изгледа пооштетена отколку што реално е.

Како „тврда“ се опишува водата од водовод што во себе содржи бигор, магнезиум и други растворени елементи. Покрај на косата, може да нанесе штета на грејачите од бојлерот, во машината за садови, чешмата, одводите…

Ако и од вашиот водовод истекува тврда вода, немате што многу да преземете, освен да набавите соодветен филтер или да си помогнете со соодветни козметички средства за вашата коса.

Исто така, понекогаш можете да одите и во фризерски салон за миење, затоа што фризерите користат шампони и преливи кои ги неутрализираат оштетувањата поради тврдата вода. Може да помогне и сувиот шампон, со тоа што ќе ги отстрани маснотиите, а неговите активни состојки ќе ја „омекнат“ барем малку водата со која се миете.

Слични содржини