Ако Faceboоk беше држава, ќе беше Северна Кореја

од Vladimir Zorba

Приказната за скромните почетоци на Facebook му е позната на целиот свет, но со текот на времето овој амбициозен студентски проект на Марк Цукерберг му донесе мултимилијардерска империја. Како “растеше“ Facebook, така се појавуваа и споредби со големи држави, па денес може да се прочита, на пример, дека Facebook има повеќе “жители“ од Кина.

Оваа социјална мрежа има 2,6 милијарди корисници ширум светот. Но, како расте бројот на корисници, така се зголемува и бројот на критики коишто стануваат сè поизразени. Во рамки на кампањата Stop hate for profit, голем број компании привремено ги повлекоа огласите од Facebook со надеж дека падот на приходи ќе влијае врз одлуката на Цукерберг да не повлекува изјави што поттикнуваат говор на омраза.

Па така, колумнистка на The Guardian, Керол Кедваладер, наместо со Кина, Facebook го спореди со Северна Кореја, а за Цукерберг вели дека тој не е Ким Јонг Ун, туку многу помоќен од него.

Според нејзе, автократскиот и диктаторски модел со којшто ја води компанијата, потсетувал на начинот на којшто Ким Јонг Ун управува со Северна Кореја.

Слични содржини