Ако има потреба полицискиот час ќе биде продолжен, вели Филипче

од Берта Китинска

Доколку има потреба и по 20 април ќе биде продолжен полицискиот час, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Веројатно ќе дискутираме викендов и на почеток на следната недела. Ќе ги пратиме бројките и менаџирањето на болниците. Во зависнот од индикаторите ако има потреба,  дефинитивно да, изјави Филипче.

Тој денеска кажа дека има намалување на новодијагностицирани случаи.

-Епидемиолошката крива е во континуиран пад, тоа значи дека мерките ги даваат резултатите. Притисокот е се уште голем кај болниците, но тоа добро се менаџира во сите здравствени установи. Има слободни кревети и во Скопје и во другите градови, истакна Филипче.

Слични содржини