Ако не покажеме свест и одговорност, повторно ќе се воведе полициски час

од Берта Китинска

Комисијата за заразни болести, поради растечкиот тренд на бројот на заболени, предложи нови мерки и рестрикции како скратување на работното време на еконосмките оператори до 23 часот, нови мерки за јавниот превоз препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес.

Ова се новите мерки кои денеска ќе ќе се најдат на владина седница. Министерот за здравство Венко Филипче, нагласи дека со овие мерки се исцрпени сите можности на надлежните да го спречат ширењето на Корона вирусот. Ако мерките не дадат резултат во земјава повторно ќе се воведе полициски час.

Пратениците во Собранието денеска ќе расправаат за претходниот пакет мерки предложени од Комисијата за заразни болести. Во Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка, за кој ќе расправа Собранието, се вметнати претходните предлози на Комисијата – задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири.

За да не се дојде до изменување и дополнување на законот повторно во случај на потреба, во предложениот текст ќе има одредба што ќе се однесува на „сите идни одлуки на Владата, вклучително и други мерки, се регулирани со овој закон“. Собранието сè уште не ја одобри потребата за законски измени. Иако Владата ќе бара усвојување на законот со забрзана постапка, опозицијата најави амандмани. Додека не се донесе законот, горенаведените мерки нема да бидат во сила.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23 788, бројката на оздравени пациенти е 17 392, на починати е 846. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 5550, од кои во Скопје се 2674.

Слични содржини