Ако партиите се договорат за датум, Пендаровски ќе прогласи нова вонредна состојба

од Vladimir Zorba

Прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава ќе има, доколу за тоа има консензус од сите политички субјекти, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ.

-Ова ќе се случи само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување, се наведува во соопштението.

Мицкоски денеска на прес соопшти дека 5 и 8 јули не доаѓаат во предвид за избори и дека средината на месецот е добра основа за нивно одржување, доколку се исполнат некои услови, додека лидерот на СДСМ, Заев сподели дека датумот за изборите не е и не може да биде ниту партиска ниту лична желба, и дека тој е одреден од уставот и законите, односно 5 јули.

Слични содржини