Ако Пелегрини добие отказ, Нико Ковач ќе го преземе Вест Хем

од Vladimir Zorba

Вест Хем би можел да го смени тренерот Мануел Пелегрини, доколку денеска тимот загуби од Барнли во натпреварот од англиската фудбалска Премиер лига.

Ако се случи тоа и Пелегрини биде разрешен, главен фаворит за преземање на „чеканите“ ќе биде Хрватот Нико Ковач, кој пред неполна недела се раздели со Баерн Минхен.

Во Вест Хем, посакуваа пласман во Лига Европа, но тимот во моментов е само 13-ти на табелата и пет кола нема ниту една победа. За клубот не би било ништо ново да ангажира Хрват, бидејќи екипата ја водеше и Славен Билиќ. Се шпекулира дека кандидат за наследник на Пелегрини би бил и Рафаел Бенитез, но фановите повеќе се за Ковач.

Слични содржини