Актуелно
Почетна / Бизнис / Ако планирате да инвестирате, овој бизнис е полн погодок

Ако планирате да инвестирате, овој бизнис е полн погодок

Ако имате капитал и размислувате за тоа во што да инвестирате можеби овој бизнис да ви изгледа како добра идеја. Испораката на храна (Food Delivery) има многу предности и малку шанси да пропадне, а тоа сега се докажано во време на криза. Побарувачката е голема.

Живееме во време кога комуникацијата преку интернет стана императив: два клика, еден повик и храна пристигнува на адреса. Причините зошто овој бизнис напредува -се многу: Миленијалците кои сега создаваат јавно мислење ја обожаваат технологијата и практичноста, сакаат да добиваат сè “на нозе“, од апарати, преку облека, до храна.

Во време на пандемија, кога многу луѓе работат од дома или не излегуваат од дома, овие услуги го зголемија обемот на работа, а со тоа и профитот. Доколку планирате да започнете бизнис како ваков, предност е тоа што испораката на храна вклучува многу работи, не само основна храна, туку и слатки, пијалаци, ресторански јадења, салати. Доставувачите претежно возат автомобил, но и на скутер или велосипед, што заштедува време за паркирање и гориво.

Носат специјална брендирана униформа, така што додека доставуваат храна низ градот исто така и го промовираат вашиот бренд за “џабе“.

Покрај тоа, имајте на ум дека храната како основа на некој бизнис е секогаш добра идеја. Тоа е нешто што ни треба, прво на списокот на потреби, за што сите го сакаме и на што најмногу трошиме.

Практично и смислено

Претприемачите сакаат да инвестираат во испорака на храна, како бизнис, затоа што тој е едноставен и транспарентен, без скриени трошоци. Клиентите лесно и брзо одлучуваат што сакаат да нарачаат, кога да добиваат храна и како да плаќаат. Сè што треба да направите е да ги следите нивните јасни желби. Слушајте го пазарот, околината во која живеете и работите. Сосема е јасно дека ваквата идеја успева повеќе во големите градови, каде луѓето постојано брзаат, немаат време за ништо, напорно работат, патуваат на долги растојанија. Кога ќе се вратат дома уморни и гладни, сè што сакаат е добро, топло и вкусно јадење. Храната што ја давате мора да биде врвна, а услугата е брза и ефикасна, за да го задржите клиентот.

Ниски оперативни трошоци

Сè што треба да направите е да регрутирате, обучувате и организирате работници или продавачи на храна. Се разбира, тие треба да имаат возачка дозвола од Б категорија, да бидат ажурни, ефикасни, комуникативни, одговорни. Не ви треба друга работна сила.

loading...