Ако планирате да пиете алкохол, еве што треба да јадете претходно

од Stefanija Kuzmanovska

Ако планирате излегување со неколку алкохолни пијалоци, добро е да го подготвите стомакот за да не зажалите подоцна.

Иако се препорачува да пиете вода додека пиете вино, пиво или коктели, вие ќе си направите уште поголема услуга и ќе спречите непријатен мамурлак доколку јадете пред да започнете да консумирате алкохол.

Според медиумските извештаи, доколку планирате да пиете алкохол, прво јадете тост со авокадо и јајца, што ќе ви обезбеди здрава доза на маснотии и протеини и ќе помогне да се забави ефектот што го има алкохолот врз организмот.

Предлог на Healthline е било која храна што содржи овес. Тоа можат да бидат овесна каша, енергетски барови и смути. Овесот е богат со растителни влакна и протеини и промовира ситост. Студиите исто така покажаа дека овесот го штити црниот дроб од ефектите на алкохолот.

Бананите се уште една добра опција, бидејќи содржат 75 проценти вода, па помагаат да бидете хидрирани, додека високото ниво на калиум ќе му помогне на вашето тело да одржува рамнотежа на електролитите.

Можете исто така да размислите за незасладен грчки јогурт. Оваа лесна и здрава закуска содржи протеини, масти и јаглехидрати. Можете да додадете овошје и ореви на него и на тој начин дополнително да го заштитите стомакот од негативниот ефект на алкохолот.

Слични содржини