Ако сакате на летување, овие правила мора да ги почитувате: Кафулињата во Грција се отвораат порано од предвиденото

од Aleksandar Petrovski

Грчкиот заменик министер за развој и инвестиции Никос Папатанасис ги откри правилата кои ќе треба да ги почитуваат кафулињата, баровите и рестораните кога повторно ќе се отворат од 25 мај.

На сите овие објекти им е дозволено да продолжат да работат под одредени услови, без оглед дали е отворен или затворен простор.

Според грчките медиуми, посебни правила за кафулиња, барови и ресторани се:

– Растојанието помеѓу клиентите мора да биде 2 квадратни метри

– Минималното растојание помеѓу масите мора да биде од 0,7 до 1,7 метри

– Максималниот број на лица на кои им е дозволено да седат на масата е шест. Нема ограничување во случај на семејство со малолетни деца.

– Персоналот мора да носи маски и ракавици, додека препораката важи и за гостите на ресторани, барови или кафулиња

Грчката влада одлучи да отвори кафулиња, барови и ресторани една недела порано од планираното, врз основа на она што го кажаа експертите.

Слични содржини