Ако сакате здрави заби, избегнувајте ги овие намирници: Го зголемуваат ризикот од кариес

од Stefanija Kuzmanovska

Лимонската киселина од газираните пијалоци го забрзува расипувањето на забите, додека бонбоните и лебот се лепат на забите, што го зголемува ризикот од кариес.

Шеќерот е главен непријател на здравите заби, а се крие во слатките, газираните сокови и цитрусното овошје.

1. Цитрусно овошје

Портокалот, лимонот и грејпфрутот се богати со силна киселина која може да го забрза расипувањето на забите. После јадење цитрусно овошје, треба да почекате барем еден час со миење на забите, бидејќи со четка киселината се шири на устата и продира уште подлабоко во забот. Најдобро е да ја исплакнете устата со ладна вода.

2. Бонбони

Бонбоните се полни со шеќер и лесно се лепат на површината на забот, што спречува плунка да ја неутрализира киселината. Бактериите го претвораат шеќерот од слатките во киселина, што го оштетува забот и го забрзува формирањето на кариес.

3. Газирани пијалоци

Бактериите кои се хранат со шеќер живеат на забите, а само една лименка газиран пијалок содржи од 10 до 11 лажички во просек. Ова го зголемува ризикот од побрзо расипување на забите. Покрај тоа, газираните пијалоци содржат фосфорна и лимонска киселина, која го поттикнува расипување на забите и го зголемува ризикот од кариес.

4. Леб, тестенини и компир

Слично како бонбоните, и лебот, тестенините и компирите се богати со шеќер и се лепат за забите. Ова ја оштетува глеѓта на забот и го зголемува ризикот од кариес, поради што се препорачува забите да се исчистат со конец потоа.

5. Алкохол

Алкохолните пијалоци го намалуваат природното производство на плунка, кое ги штити забите од остатоци од храна и штетни киселини и ги иритира непцата. Сувата уста го зголемува ризикот од заболување на непцата.

Слични содржини