Актерката Робин Рајт се омажи.

од desk4

Актерката Робин Рајт се омажи за Клеман Жироде, менаџер за односи со ВИП клиенти во „Сен Лоран“, соопшти Контакт мјузик.

Церемонијата се одржала во тесен круг во петокот, во Франција. Актерката инсистирала таа да е скромна.

Двојката ја чуваше љубовта далеку од љубопитните погледи, но обожавателите на актерката забележаа веренички прстен на нејзината рака уште минатата година.

Робин Рајт беше мажена за Шон Пен од 1996 година до 2010 година. Тие имаат две деца – Дилан на 27 години и Хопер – на 25. Актерката отсекогаш велела дека разводот за неа бил „разурнувачки“.

По разделбата со Шон Пен, таа имаше врска со актерот Бен Фостер, но се раздели со него во 2015 година.

Слични содржини