Актерката се снимала како се пресоблекува, па видеото го испратила на тинејџер

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Дру Баримор откри дека случајно испратила видео на кое се пресоблекува на тинејџер.

Актерката и водителка на шоуто „The Drew Barrymore Show“ го откри тоа во своето шоу пред неколку дена.

„Мојата најдобра пријателка е Камерон Дијаз и ѝ испратив видео на кое се облекувам“, рече таа и додаде:

„Но, излезе дека му го испратив на 16-годишник по име Метју“.

Беримор вели дека тинејџерот ѝ се јавила и ѝ ветил дека нема да го препрати видеото на никого.

„Го имам вашето видео, но ветувам дека нема да го објавувам никаде“, ѝ напишал тој, според нејзините тврдења.

Убавата актерка вели дека недоразбирањето се случило затоа што таа и Дијаз „постојано се пресоблекуваат едни пред други“ и секако испраќаат вакви снимки.

„Фала му на Бога што Метју е толку прекрасен млад господин“, рече актерката.

Слични содржини