Актерот ја коментираше менталната состојба на претседателот: „Не е здрав“

од Stefanija Kuzmanovska

Брајан Кранстон викендов го сподели своето мислење за Доналд Трамп на своите социјални мрежи, во екот на бурните реакции на различните одлуки на претседателот во борбата против Ковид-19, а особено за неговите последните изјави.

Според NBC, повиците во Контролата на отрови во Њујорк поради конзумирање на избелувач двојно се зголемиле по изјавите на Трамп. Кранстон напиша на Твитер дека повеќе не верува дека Трамп е психички здрав.

„Престанав да се грижам за менталното здравје на претседателот. Тој не е здрав. И сознанието за оваа негова болест не ме исполнет со гнев, туку со длабока тага. Она што ме загрижува сега е исправноста на секој кој сè уште може да го поддржи овој длабоко проблематичен човек да ја води нашата земја“, рече Кранстон.

Слични содржини