Актерот од Игра на тронови чека дете: На ултразвукот бебето држи тег

Актерот од популарната серија Игра на тронови, Тор Бјорнсон и неговата сопруга, терапевтката Келси Хенсон, се хит на интернетот од 2017 година, кога објавија дека се во врска.

Тор е висок 206 центиметри, а Келсе само 158, па не му е ниту до рамена, а нивните фотографии им се урнебесни на фановите. Парот, сега на социјалните мрежи се пофали дека очекува принова.

– Малиот силен маж или силна жена стигнува во октомври – напишала Келси на Инстаграм покрај фотографијата од ултразвукот на која бебето држи тег.

Хенсон е свесна за шегите на нивна сметка, па не се воздржа и откри:

– За сите вас кои сте загрижени за големината на бебето.. Јас кога се родив бев бебе со просечна големина, но поголемо од онаа на мојот сопруг кога се родил! Големината на родителот не значи ништо кога е во прашање големината на бебето – напишала таа.

Слични содржини