Активисти за човекови поднесоа тужба против Трамп

од Aleksandar Petrovski

Американската унија за човекови права и многу други организации поднесоа тужба против американскиот претседател Доналд Трамп, врховниот државен обвинител Вилијам Бар и други високи функционери на администрацијата, за навреда и интервенција против мирни демонстранти во близина на Белата куќа минатиот понеделник, објави лондонски „Гардијан“.

На тужбата и се приклучија, меѓу другите, и Вашингтонскиот комитет на адвокати за човекови права, Комитетот на правници за граѓански права и закони и адвокатската фирма Арнолд и Портер.

Тужбата е поднесена поради грубата интервенција на безбедносните сили против мирните и ненасилни демонстрации минатиот понеделник, со цел да му се овозможи на претседателот Трамп да се слика за медиумите во портата на историската црква Свети Јован недалеку од Белата куќа.

Судската постапка е поднесена во федералниот суд во Вашингтон, а подносителите посочуваат дека Трамп, заедно со другите функционери во администрацијата, ги „прекршил правата на демонстрантите кои се загарантирани со уставот, впуштајќи се во… незаконски заговор со цел кршење на наведените уставно загарантирани права“.

Слични содржини