Активистка од Шведска со велосипед дошла до Египет на COP27

од Stefanija Kuzmanovska

Швеѓанката Дороти Хилдебрант (72) возела на електричен велосипед неколку илјади километри од Шведска до египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде се одржува климатскиот самит COP27, со цел да им ја пренесе пораката на светските лидери: „Стоп за климатските промени“.

Четири месеци ѝ требале да стигне до египетското одморалиште – ја премина цела Европа, дел од Блискиот Исток, додека не дошла на југот на Синајскиот полуостров, каде што се наоѓа Шарм ел Шеик, пренесе АП.

Слични содржини