Активистот Реџепи ќе го тужи Љупчо Златев за лажното обвинување за тероризам

од Aleksandar Petrovski

Активистот Јасмин Реџепи за ЦИВИЛ Медиа вели дека сторијата на новинарот Љупчо Златев која е објавена на порталот Лидер, а пренесена од Курир и други портали, каде што се обвинува за тероризам, е целосно невистина и за тоа ќе биде поднесена тужба.

„Опозицијата во недостаток да понуди конкретна конструктивност и политички решенија, се занимава со производство на лажни вести. Тоа извесно време се случува кон мене и кон мојата сопруга Мерсиха Смаиловиќ. Сите овие напади се само за дефокусирање на јавноста, бидејќи немаат што политички да понудат и се занимаваат со конкретни луѓе да ги прикажат во најлошо светло. За овие лажни вести и обвинувања веќе е подготвена тужба и ќе се даде на суд, бидејќи никој не смее да си игра со честа на граѓаните или со честа на тие што направиле многу за оваа држава“, вели Реџепи.

 

Слични содржини