Активни ковид-случаи: Во еден град има само еден заразен, Скопје со над 4400 позитивни

од Nikola Popovski

Во моментов во земјава нема град без позитивни со коронавирус. Според денешниот последен извештај на Министерството за здравство, најмалку ковид-случаи има во Дојран само 1, Демир Капија тројца, а во Пехчево 7 лица.

Градови со најмногу заразени во моментов се Скопје со 4451 активни, Тетово со 2030 и Гостивар со 1548.

Досега во земјата се направени вкупно 1.124.993 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 171.576, бројката на оздравени пациенти е 153.148, на починати е 5.755, а бројот на активни случаи изнесува 12.673.

Слични содржини