Активни се 3828 случаи на Ковид-19 во Скопје: Кои општини имаат најголем број на заразени?

од Nikola Popovski

Според најновиот ковид-биланс, од почетокот на пандемијата во Скопје  имало 12363 позитивни, а во моментов бројката на активни случаи изнесува 3828.

Само во денешниот ден во главниот град, бројката на новозаразени се искачила на 422, со што го прави најцрн досега.

Активни случаи по општините во Скопје денеска изгледа вака (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата):

-Чаир – 180, Гази Баба – 492, Аеродром – 710, Карпош – 580, Центар – 535, Кисела Вода – 467, Ѓорче Петров – 324, Бутел – 186, Шуто Оризари – 35, Студеничани – 14, Сарај – 29, Арачиново – 8, Илинден – 66,Сопиште – 35, Чучер Сандево – 20, Петровец –24, Зелениково -10, странец – 22 и 91 нераспределен.

Слични содржини