Акциска контрола на СВР Битола: 14 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед

од Берта Китинска

Денеска (04.10.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот на територија на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. Контролирани се 107 возила при што осум возила се исклучени од сообраќај, 14 товарни моторни возила се упатени во станица за технички преглед. Изречена е една мерка за возење под дејство на алкохол, санкционирани се двајца возачи за претовар на возилото, а при контролата санкционирани се и 11 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Слични содржини