Ал Пачино (83) чека бебе со 54 години помладата девојка

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Ал Пачино и неговата избраничка Нур Алфала (29) наскоро ќе го добијат своето прво заедничко дете. Актерот веќе има три деца од претходните бракови, а за еден месец ќе добие и четврто бидејќи Нур е бремена во осмиот месец, потврдено е за TMZ.

Ѕвездата на филмот „Scarface“ неодамна наполни 83 години.

За нивната врска се знае речиси две години, а во април претходната година беа видени заедно во Лос Анџелес.

Нур е дури 54 години помлада од Пачино, но ова не ѝ е прва врска со многу постар маж. Имено, таа претходно имаше романса со Мик Џегер, милијардерот Николас Бергруен, а ја негираше врската со Клинт Иствуд, кога медиумите ги поврзуваа пред неколку години.

Таа беше видена и со ѕвездата на Inglourious Bastards, Ели Рот.

Да потсетиме, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули и близнаците Оливија и Антон.

Слични содржини