Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка.

Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54 години помлада девојка, ТВ продуцентката Нур Алфалах.

Познатиот актер наскоро полни 83 години, додека неговата партнерка има 28 години.

На парот не му пречеа папараците кои ги фотографираа додека излегуваа од ресторан во Лос Анџелес.

Актерот и продуцентката се во врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година.

Последната врска на младата продуцентка, за која многу се зборуваше во јавноста, заврши во 2017 година, а беше со Мик Џегер.

Претходно медиумите ја поврзуваа и со Клинт Иствуд.

Слични содржини